ПО ПОБЕДИТЕ НАД ГИБРАЛТАР И ЕРМЕНИЈА

Македонија со скок од две места на ФИФА-листата

Македонската репрезентација со две победи ја отвори Лига на нации. Добрите игри на фудбалерите треба да донесат напредок од две места во најновиот ранкинг на ФИФА.

објавено: 13 септември 2018 - 10:30

Со победите на Гибралтар и Еремнија, македонската фудбалска репрезентација ја отвори Лига на нации и патот кон историски пласман на едно Европско првенство. Добрите игри на избраниците на Игор Ангеловски треба да и донесат на Македонија напредок од две места на најновиот ранкинг на ФИФА.

Вчерашните проекции ја сместија нашата репрезентација на 68 место, дали ќе го направиме скокот од две позиции, останува да потврди ФИФА која најновата листа ќе ја објави следниот четврток.

 

Најново во Фудбал