Победа за гостите во вториот пријателски меч

Со два пенали Азербејџан ја победи Македонија

Репрезентацијата на Азербејџан за играчи до 16 години го доби вториот пријателски меч со врсниците од Македонија со два прецизни удари од белата точка. Првиот натпревар заврши нерешено, 1:1

објавено: 18 мај 2017 - 19:17

Репрезентацијата на Азербејџан за играчи до 16 години го доби вториот пријателски меч со врсниците од Македонија со два прецизни удари од белата точка. Првиот натпревар заврши нерешено, 1:1.

Денеска на игралиштетот на комплексот на ФФМ, Азербејџанците беа подобри и со двата гола на капитенот Туран Вализада од пенал славеа со 2:0.

Многу забелешки од таборот на нашата репрезентација има за досудениот пенал во 29. минута. Судијата Далибор Ѓорѓески покажа на белата точка, иако немаше контакт меѓу нашиот голман и напаѓачот на Азербејџан. Сепак тоа не му пречеше на Вализада да погоди и да им донесе предност на гостите од 1:0. Во 40. минута повторно беше досуден пенал за Азербејџан и повторно одговорбноста ја презеде капитенот и пак погоди за конечни 2:0.

 

Најново во Фудбал