НЕСЕКОЈДНЕВЕН СЛУЧАЈ

Спировски чека дозвола од УЕФА, ќе игра со лонгета на раката?

Несекојдневен случај има во таборот на македонската фудбалска репрезентација, а се равботи за Стефан Спировски и неговата повреда на раката. Тој е повикан во националниот состав, а до УЕФА е испратена фотографија со лонгетата што ја носи на раката, па сега се чека одговор дали ќе му биде дозволено да игра со Лихтенштајн

објавено: 19 март 2017 - 13:00

Несекојдневен случај има во таборот на македонската фудбалска репрезентација, а се работи за Стефан Спировски и неговата повреда на раката. Тој е повикан во националниот состав, а до УЕФА е испратена фотографија со лонгетата што ја носи на раката, па сега се чека одговор дали ќе му биде дозволено да игра со Лихтенштајн.

Мечот е закажан за 24. март, на Рејнпарк во Вадуц, а одговор од УЕФА се чека деновиве. Спировски игра со посебна лонгета, откако ја повреди раката во домашното првенство. И е повикан дополнително на местото на Ферхан Хасани, кој нема да биде во составот, исто така поради повреда, но на ногата.

Најново во Фудбал