Еден од водечките специјализирани спортски канали, „Спортклуб" реши за прв пат да вклучи коментатор од Македонија за натпреварите во Лигата на нации, ново натпреварување на УЕФА преку кое Македонија се надева на пласман на ЕП 2020 година.
„Спортклуб" го избра Бранко Илиевски, долгогодишен спортски новинар и коментатор препознатлив со својот глас и коментирање на натпреварите од „Серија А" во времето кога ТВ Телма емитуваше натpревари од оваа лига.
„Спортклуб" ги има ТВ правата од настапите на националниот тим во Лигата на нациите и квалификациите за ЕП кои почнуваaт во март, наредната година.