Пред точно две години станаа светски прваци

Србите потсетуваат на својот среќен ден, на 20. јуни го победивме Бразил за светска круна, ќе падне и Македонија на ЕП

Србите стартуваа со пораз на младинското Европско првенство, а Португалија беше подобра и славеше со 2:0. За амбициозните „орли“ ова е лош старт, особено што имаат одлична генерација талентирани играчи, голем дел од нив со светската круна од пред две години. И сега ја потсетуваат Македонија дека 20. јуни им е среќен датум, бидејќи точно на денот на кој играат со нас, го победија Бразил во финалето на Мундијалот за играчи до 20 години и ја освоија светската круна

објавено: 18 јуни 2017 - 20:54

Србите стартуваа со пораз на младинското Европско првенство, а Португалија беше подобра и славеше со 2:0. За амбициозните „орли" ова е лош старт, особено што имаат одлична генерација талентирани играчи, голем дел од нив со светската круна од пред две години. И сега ја потсетуваат Македонија дека 20. јуни им е среќен датум. Точно на денот на кој играат со нас, пред две години го победија Бразил во финалето на Мундијалот за играчи до 20 години и ја освоија светската круна.

И од тој состав има дури 11 играчи кои сега се во Полска, голем дел од нив ќе играат со Македонија на 20. јуни во Бидгошч. Ги предводи бисерот на српскиот фудбал Андрија Живковиќ, а со него се и Немања Антонов, Милан Гајиќ, Мијат Гачиновиќ, Вања Милинковиќ Савиќ, Вукашин Јовановиќ, Немања Максимовиќ, Милош Вељковиќ, Марко Грујиќ, Филип Манојловиќ и Радован Панков. Речиси сите се интернационалци, играат во силни европски клубови, но и Македонија нема многу избор, има квалитет и сака победа за рехабилитација по поразот од Шпанија со 0:5

Најново во Фудбал