И ПОКРАЈ ЕЛИМИНАЦИЈАТА, ЗАДОВОЛСТВОТО Е ОГРОМНО

Станојковиќ: Кога ќе ја помине некој оваа генерација, да ми се јави!

Македонската репрезентација го 19 години пиша историја, секогаш надмоќната Англија во сите категории, падна пред еден наш национален тим, а за тоа заслужни се избраниците на Вујадин Станојковиќ, кои славеа со 2-0.

објавено: 27 март 2018 - 16:46

Македонската репрезентација го 19 години пиша историја, секогаш надмоќната Англија во сите категории, падна пред еден наш национален тим, а за тоа заслужни се избраниците на Вујадин Станојковиќ, кои славеа со 2-0. Иако „црвено-жолтите" ги загубија шансите за Европското првенство, сепак задоволството во нашите редови е големо. Не е само победата над Англија, туку и начин на кои момците го одиграа целиот елитен квалификациски турнир, за жал немаа среќа за да продолжат понатаму.

„Подобар крај на овој квалификациски турнир не можев ниту да замислам ниту да посакам. Можеме само да жалиме за првите два меча во кои самите се доведовме во незавидна ситуација. Имавме наша игра, шанси, кои за жал не ги искористивме во целост, а од дрига страна правевме доста грешки па противниците лесно доаѓаа до ситуација да не загрозат. Денеска за разлика од тоа покажавме раскош, талент и се што поседуваме против една Англија. Во сиот овој период додека сум со оваа генерација, а тоа е скоро четири години никогаш не ме интересирал противникот туку нашата игра. Видовте и сами денеска дека сме рамо до рамо со најдобрите во Европа, дека и против една Англија можеме да се носиме, а денеска ете да бидеме и подобри. Им благодарам на играчите кои на некој ме „истрпеа" сиот овој период, затоа што со мојот темперамент подеднакво влегувам и на тренинг и на натпревар, секогаш сакам подобро и секогаш сакам најдобро за фудбалерите. Не затоа што јас така сакам затоа што оваа генерација тоа го заслужи", вели нашиот селектор, а за крај додаде.

Ова е најдобрата генерација која некогаш сме ја имале

„На крајот би сакал да истакнам дека ова е најдобрата генерација која фудбалска Македонија некогаш ја имала и дека допрва ќе го покаже сиот својот капацитет и квалитет, и дека тешко дека во догледно време некој ќе ја достигне" - изјави селекторот Станојковиќ по мечот со Англија денеска.

Најново во Фудбал