ЗА РАЗЛИКА ОД ДРУГИТЕ, „СПОРТМЕДИА“ ПОГОДИ ВО ЦЕЛОСТ

Стартните 11 во Ереван: Адеми добива шанса, Пандев ќе го предводи нападот (ФОТО)

Македонската фудбалска А репрезентација денеска од 18:00 часот го игра четвртиот натпревар од групата 4 во Лигата „Д" против Ерменија на гостински терен.

објавено: 16 октомври 2018 - 16:49

Трите бода се секако главен приоритет на „црвено-жолтите" во битката за првото место во групата и воопшто во Лигата Д.

За разлика од претходниот меч со Лихтенштајн во Скопје каде што остана на клупата за резерви, Аријан Адеми сега добива шанса да започне од првата минута.

Селекторот Игор Ангеловски за вечерашната пресметка во Ереван се одлучи да стартува со следните 11:

Димитриевски, Зајков, Ристевски, Адеми, Муслиу, Барди, Алиоски, Трајковски, Пандев, Ристовски.

Од друга страна, Ерменците ќе стартуваат во следниот состав: Ајрапетјан, Хачатуров, Харојан, Пизели, Газарјан, Хавханисјан, Мовсисјан, Дагбашјан, Мхитарјан, Ховсепјан, Адамјан.

Најново во Фудбал