Не се освојува „Младост“, само Пелистер не успеа со Лех

Струмица е бастион на кој паѓаа фаворитите, ред е да го победиме и аутсајдерот Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација сака со победа против Лихтенштајн да го заврши квалификацискиот циклус за настап на Мундијалот во Русија, а иако немаме шанси за пласман, победата вреди, бидејќи за првпат ќе имаме завршна серија со 4 меча без пораз

објавено: 9 октомври 2017 - 16:01

Македонската фудбалска репрезентација сака со победа против Лихтенштајн да го заврши квалификацискиот циклус за настап на Мундијалот во Русија, а иако немаме шанси за пласман, победата вреди, бидејќи за првпат ќе имаме завршна серија со 4 меча без пораз.

Вечерва од 20,45 часот по долгото европско лето и Струмица дочека наша репрезентација, или екипа да биде апсолутен фаворит. На стадионот „Младост“ летово паѓаа Малме, против Вардар, потоа и Дачија, Хелсинки и Тракаи во дуелите со Шкендија, а репрезентацијата одигра нерешено со Албанија. Пораз доживеа само Пелистер од полскиот Лех и беше елиминиран во квалификациите за Европа Лигата. Сите останати имаат убави посмени од Струмица.

Вардар го елиминираше шведскиот првак Малме со победа во Струмица од 3:1, Шкендија ги нанижа и Дачија и Хелсинки и Тракаи, а и ремито со Албанија, требаше да биде победа, бидејќи Македонија беше апсолутно подобра. На ред е триумф против Лихтенштајн за победнички финиш во Г групата.

Најново во Фудбал