Се почитува правилото

Тимот што победува не се менува, „Израелците“ по победа и против Албанија

Селекторот Игор Ангеловски одлучи да не го менува тимот што победува, па и вечерва Македонија ќе го почне мечот со Албанија со истата стартна постава од Хаифа, што го победи Израел пред три дена со 1:0

објавено: 5 септември 2017 - 19:34

Селекторот Игор Ангеловски одлучи да не го менува тимот што победува, па и вечерва Македонија ќе го почне мечот со Албанија со истата стартна постава од Хаифа, што го победи Израел пред три дена со 1:0. Од 20,45 часот во 8. коло од Г групата за пат на СП во Русија ќе играме против Албанија.

Македонија: Димитриевски, Ристовски, Ристевски, Муслиу, Велковски, Спировски, Барди, Николов, Несторовски, Пандев. Селектор Игор Ангеловски.

Албанија: Бериша, Аголи, Хика, Маврај, Хисај, Лила, Љуљаку, Кукели, Садику, Ајети, Роши. Селектор: Кристијан Панучи

Најново во Фудбал