ПОВРЕДАТА СЕПАК НЕ Е СЕРИОЗНА

Тодоров не е загубен за главниот квалификациски турнир

Повредата со која Миле Тодоров се здоби на вчерашниот пријателски меч со Финска не е сериозна. 

објавено: 28 февруари 2018 - 19:17

Повредата со која Миле Тодоров се здоби на вчерашниот пријателски меч со Финска не е сериозна. Денешните прегледи покажале дека македонскиот репрезентативец на У19 години дека се работи само за мала пукнатина на стапалото, но дека нема никакви оштетувања на лигаментите.

Тодоров ќе мора да носи лонгета околу една недела, а за околу дваесетина дена ќе може да се врати на тренинзи, што значи дека ќе биде на располагање на селекторот Вујадин Станојковиќ, за квалификацискиот турнир.

Инаку Македонија утре исто така во 13:00 часот го игра вториот пријателски натпревар со Финска.

 

Најново во Фудбал