УБЕДЛИВ ТРИУМФ НА НАШАТА МЛАДА СЕЛЕКЦИЈА

У-18: Фудбалско „убиство" за Бугарија

Стрелци на головите за нашата селекција беа Колевски, Чурлинов и Ѓорѓиевски

објавено: 15 мај 2018 - 18:55

Денеска на Бугарите им се случи фудбалско „убиство" откако во целосна доминација, нашиот национален тим до 18 години ја совлада селекцијата на источниот сосед во пријателски меч. Стрелци на головите беа Колевски, Чурлинов и Ѓорѓиевски.

Колевски го даде првиот гол, а вториот беше ремек дело на Чурлинов откако нанижа 3-4 играчи и пласираше во долниот агол. Третиот гол беше како од бајките. На 40 метри Ѓорѓиевски ја зема топката, мина 5-6 играчи и отиде во мртов агол, но и таму мина двајца, и од мртов агол ја погоди мрежата на противникот за убедливо водство.

Бугарите имаа само една прилика преку Груев кој ја погоди пречката во првиот дел. 

МАКЕДОНИЈА - БУГАРИЈА 3:0 (2:0)
Комплекс „Петар Милошевски".
Судија: Игор Стојчевски.
Стрелци: Колевски, Чурлинов, Ѓорѓиевски.
МАКЕДОНИЈА: Денковски, Алексовски, Антовски, Наумчевски, Рамадани, Гроздановски, Бериша, Чурлинов, Колевски, Ѓорѓиевски, Наумоски.
Уште играа: Стојаноски, Ферати, Манев, Трпчевски, Тошевски.
БУГАРИЈА: Иванов, Димитров, Т. Димитров, Дичев, Борисов, Личев, Станчев, Груев, Митков, Јорданов, Добрев.

Најново во Фудбал