Младите надежи до 15 години ремизираа во Подгорица

У15: Реми на првиот дуел со Црна Гора

Нашите фудбалски надежи до 15 години одиграа нерешено 2:2 на првиот од двата контролни меча против селекцијата на Црна Гора. Стрелци на головите за Македонија беа Дашмир Елези и Виктор Боневски.

објавено: 23 октомври 2018 - 16:24

Нашите фудбалски надежи до 15 години одиграа нерешено 2:2 на првиот од двата контролни меча против селекцијата на Црна Гора.

Црна Гора поведе во 16. минута со погодок од слободен удар, но не траеше за долго радоста на домаќините.

Само четири минути подоцна после еден изведен корнер од страна на нашите пионери, една одбиена топка дојде до Дашмир Елези кој прецизно со левата нога стрелаше за израмнување.

После 30. минути од вториот дел повторно Црна Гора беше во минимална позитива, не се отстрани навремено опасноста, па тоа го искористи ривалот за 2:1.

Слично како во првиот дел, за кратко време Македонија одново дојде до егал, овојпат во листата на стрелците се запиша Виктор Боневски кој убаво со глава ја смести топката во противничката мрежа за поставување на конечниот епилог.

Денешниот дуел се одигра на Тренинг центарот на ФС на Црна Гора, додека в четврток од 11 часот вториот дуел меѓу овие две селекции ќе биде на стадионот на ФК Ком во Златица, предградието на главниот град на Црна Гора.

Најново во Фудбал