ВО ПРВАТА ОД ДВЕТЕ ПРИЈАТЕЛСКИ СРЕДБИ ВО БУКУРЕШТ

У16: Македонија во финишот поразена од Романија (ФОТО)

На денешниот прв меч во Букурешт избраниците на селекторот Звонко Златановски загубија минимално со резултат 1:0 во самиот финиш од средбата преку Бодиштеану (80+3) од пенал.

објавено: 23 октомври 2018 - 17:58

Немаше голови (0:0) во текот на првото полувреме каде што двете репрезентации создадоа шанси за реализација.

Македонија У16: Митрев, Ибрахими, Николовски (капитен), Стојчевски, Давков, Георгиевски, Ракипи (Давидовски 77'), Саитоски (Талаков 59'), Беровиќ (Марковски 59'), Незири (Геговски 78'), Таипи (Реџепи 78').

Според најавите вториот контролен меч овие две селекции ќе го одиграат на 25. октомври со почеток од 11:00 часот.

Најново во Фудбал