СИТЕ НАТПРЕВАРИ СЕ ИГРААТ НА ФФМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАРОТ

У17: Македонија ги започнува квалификациите за ЕП

Во периодот од 20. до 26. септември, 2018 година нашата земја е домаќин на квалификацискиот турнир за жени до 17 години.

објавено: 19 септември 2018 - 16:15

Во групата 10 се најдоа уште и репрезентациите на Франција, Унгарија и Босна и Херцеговина.

Сите натпревари од групата ќе се одиграат на ФФМ тренинг центарот Петар Милошевски, со следниот распоред:

20.09.2018 г. - четврток

11.00 ч. Босна и Херцеговина - Унгарија

15.30 ч. Франција - Македонија

23.09.2018 г. - недела

11.00 ч. Франција - Босна и Херцеговина

15.30 ч. Унгарија - Македонија

26.09.2018 г. - среда

15.30 ч. Македонија - Босна и Херцеговина

15.30 ч. Унгарија - Франција

„Очекуваме пред се добра и ангажирана игра на нашите репрезентативки со тоа, се разбира и добри резултати. Сакам да напоменам дека пред овој финален собир имавме подготовки во Дојран се со цел што подоборо и поподготвени да влеземе во овој квалификациски циклус. Се надевам на добра игра и на добри резултати", изјави селекторот Тоше Нацев

За овој квалификациски турнир повикани се следните фудбалерки:

Апостолова Ана-Голман (ЖФК Кочани), Колевска Верица-Голман (ЖФК Топ Гол), Икметe Лимани (ЖФК Тиверија), Ристевска Ивана (ЖФК Топ Гол), Јанковска Теодора (ЖФК Топ Гол), Недева Викторија (ЖФК Тиверија), Божиновска Теа (Тиверија), Јавашева Ана (ЖФК Борец), Велкова Сара (ЖФК Тиверија), Бошкова Елена (ЖФК Тиверија), Паневска Елена (ЖФК Тиверија), Николовска Теодора (ЖФК Тиверија), Миленковска Андреа (ЖФК Топ Гол), Петревска Стефанија (ЖФК Саса), Нешковска Ана (ЖФК Топ Гол), Цоклеска Оливера (ЖФК Ас Јунајтед), Јанева Драгана (ЖФК Борец), Карпузова Данче (ЖФК Тиверија), Милчевска Ана (ЖФК Истатов), Јахји Анида (ЖФК Тетова 2017).

Најново во Фудбал