ДОМАЌИНИ НА ТУРНИРОТ ЌЕ БИДАТ ПОЛЈАЦИТЕ

У17: Македонија против Белгија, Полска и Лихтенштајн

Денеска беше извршена ждрепка за наредните квалификации за елитната рунда за пласман на Европското првенство 2020. година во Естонија.

објавено: 6 декември 2018 - 11:00

Во неодамнешните квалификации за елитна рунда за ЕП 2019 во Република Ирска, на турнирот во ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски" - Скопје во групата 4 кадетите завршија на третото место зад Шпанија и Израел, со само една победа над Фарски Острови.

Сега се формирани се квалификациските групи на патот кон континенталниот собир во Естонија, нашите У17 надежи се наоѓаат во првата група со Белгија, Полска (домаќин на турнирот) и Лихтенштајн.

Натпреварите ќе се играат во периодот од 9-15 октомври 2019. година, првопласираните две репрезентации од секоја група, четири најдобро третопласирани ќе се најдат во елитната рунда, чии мечеви се закажани за март 2020.

Најново во Фудбал