КАКО ПОДГОТОВКА ПРЕД НАСТАПОТ ВО ЕВРО-КВАЛИФИКАЦИИТЕ

У19: Англија пресилна, Чурлинов и Георгиевски стрелаа за Македонија!

Македонија У-19 попладнево во пријателски натпревар загуби од силната Англија со 6:2.

објавено: 16 октомври 2018 - 17:15

Стрелци на головите за нашата селекција беа Дарко Чурлинов и Марко Георгиевски. Инаку Македонија овој натпревар го започна со следниот состав: Јакимовски, Ивановски, Симоновски, Наумчески, Антовски, Османовски, Фазлагиќ, Бериша, Талески, Чурлинов и Колевски.

По поразот во добра игра од Полска во минатата недела со 3:4, ова беше втор контролен тест за избраниците на селекторот Горан Станковски во пресрет на претстојните ноемвриски квалификации за ЕП во Брно.

Познато е дека за ривали таму ќе ги имаме Чешка, Хрватска и Луксембург. Тој турнир се игра од 14 до 20 ноември.

Најново во Фудбал