Ремито меѓу Хрватска и Чешка ни пресуди

У19: Јалова победа над Луксембург (ВИДЕО)

Го победивме Луксембург со 2:0, но Хрватите и Чесите си одиграа пријателски за и двете селекции да поминат во следниот круг.

објавено: 20 ноември 2018 - 19:00

Иако победи, младата фудбалска репрезентација на Македонија не успеа да се пласира на 2. место во групата од квалификациите за ЕП кои се одржаа во Чешка. Во 3. коло избраниците на Горан Станковски ја совладаа селекцијата на Луксембург со 2:0, но Хрватска и Чешка си одиграа „пријателски“ 2:2 и двете селекции се протнаа во втората фаза од квалификациите за ова ЕП.

Македонија одигра добар меч, а до првиот гол не се чекаше многу. Со еден прекрасен удар од делачина, Алекс Талески во1 9. минута го отвори резултат и донесе предност од 1:0. Овој одличен потег беше најава дека Македонија оди на првата победа во овој квалификациски циклус, откако ја испуштивме шансата на првиот меч со Хрватска кој го завршивме нерешено.

Во второто полувреме Луксембург тргна на една карта - напад. Ние малку се повлековме и мудро ја чекавме нашата шанса за гол. Во 72. минута Фазлагиќ сам си отвори простор по средината на шеснаесетникот и биеше неодбранливо во голот на противникот за 2:0. 

Во финишот на мечот Наунчевски мораше да ја напушти играта поради црвениот картон.

РЕЗУЛТАТИ - 3. КОЛО

Македонија - Луксембург 2:0

Хрватска - Чешка 2:2

ТАБЕЛА:

1. Чешка  7

2. Хрватска  5

3. Македонија  4

3. Луксембург  0

Најново во Фудбал