ДОМАЌИН НА ТУРНИРОТ ЌЕ БИДЕ МАКЕДОНИЈА

У19: Ривали ни се Англија, БиХ и Луксембург во квалификациите за ЕП 2020!

На неодамнешните квалификации на турнирот во Чешка малку недостасуваше јуниорите да се најдат во елитната рунда за пласман на ЕП 2019 во Ерменија.

објавено: 6 декември 2018 - 11:21

Бевме третопласирани зад Чешка и Хрватите со кои ремизиравме, а на крајот славевме над селекцијата на Луксембург.

Сега се формирани квалификациски групи за учество во елитната рунда за пласман на Европското првенство 2020 што ќе се одржи во Северна Ирска.

Нашите фудбалски надежи се наоѓаат во квалификациската група 11 заедно со селекциите на Англија, Босна и Херцеговина и Луксембург.

Натпреварите од турнирот ќе се одиграат во периодот од 13-19 ноември 2019. година во нашата земја. Првопласираните две репрезентации од секоја група и една најдобротретопласирана ќе се пласираат во елитната рунда чии мечеви ќе се играат во пролетта 2020.

Најново во Фудбал