МЛАДАТА МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО НИОН ГИ ДОБИ РИВАЛИТЕ

У21: Надежите во битка за ЕУРО 2021 против Шпанија, Израел, Црна Гора...! (ФОТО)

Денеска се одржа ждрепка за извлекување на квалификациските групи за пласман на Европското првенство 2021 за фудбалери до 21 година.

објавено: 11 декември 2018 - 09:29

Беа извлечени вкупно осум квалификациски групи со по шест репрезентации и една со пет. Младата македонска У21 селекција пред ждрепката се наоѓаше во шеширот Д заедно со Бугарија, Финска, Република Ирска, Грузија, Косово, Шкотска, Белорусија и Босна и Херцеговина.

Нашите фудбалски надежи се најдоа во квалификациската група 6 со репрезентациите на Шпанија, Израел, Црна Гора, Казахстан и Фарски Острови.

Натпреварите од квалификациите ќе започнат на 18-20 март 2019 година.

Победниците, односно првопласираните од сите квалификациски групи ќе се пласираат директно на континенталниот собир кој што ќе го организираат Унгарија и Словенија. А двете најдобро второпласирани репрезентации ќе играат во баражот кој што ќе се одигра во ноември 2020 и така ќе се дознае последниот 12. учесник на ЕП.

Најново во Фудбал