СЕ ПОЈАСЕН СТАНУВА НОВИОТ ФОРМАТ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

УЕФА ги потврди потенцијалните противници на Македонија за Лигата на нации

„Црвено-жолтите“ моментно се во Лигата Д каде има уште 15 други селекции

објавено: 11 октомври 2017 - 13:02

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави учесниците на новото натпреварување, кое ќе го носи името Лига на нации. Ждрепката за ова натпреварување ќе биде извршена на 24 јануари во Лозана. 

По завршување на квалификациите за Светското првенство, познати се сите 55 учесници кои ќе бидат распределени во 4 лиги. 

Во Лига А ќе бидат најдобрите 12 репрезентации во Европа, а исто толку учесници ќе има и Лига Б. Во Лига Ц ќе бидат сместени 15 селекции, додека Лигата Д каде ќе игра и Македонија е со 16 национални селекции. 

Во Лигите А и Б селекциите ќе бидат распределени во четири групи со по три репрезентации. Во Ц групата ќе има една група со три селекции и и три групи со по четири селекции. 

Во Лигата Д, каде што е Македонија, ќе има четири групи со по четири репрезентации. 

Бидејќи Европското првенство 2020 година ќе се игра во 13 различни земји, сите репрезентации ќе мора преку квалификациите да се изборат за место на завршницата. Квалификациите ќе започнат во март 2019 година. 

Лигата на нации ќе биде замена за пријателските средби. Ќе започне на 6 септември 2018 година, а групната фаза ќе трае до 20 ноември. Преку Лигата на нации, вкупно четири репрезентации ќе се квалификуваат на ЕП 2020.

За да стигне Македонија до завршницатата на ЕП, преку Лигата на нации, мора да биде првопласирана во својата група. Потоа победниците од сите групи играат бараж за место на Европско првенство. Интересен е овој нов систем, а следната година ќе видиме како ќе функционира.  

 

Најново во Фудбал