СЕЛЕКТОРОТ ИГОР АНГЕЛОВСКИ ОТКРИ СО КОИ ИМИЊА ЌЕ НАСТАПИ

УЕФА Лига на нации: Објавен списокот за дуелите против Гибралтар и Ерменија

Објавен е списокот на македонската најсилна репрезентација за првите дуели во новото фудбалско натпреварување за пласман на ЕУРО 2020.

објавено: 29 август 2018 - 12:53

Натпреварот против Гибралтар ќе го играме на гости на 6. септември, а три дена подоцна избраниците на селекторот Игор Ангеловски дома ќе ги одмерат силите со Ерменија.

Голмани: Столе Димитриевски, Давид Митов Нилсон

Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Мите Цикарски

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езџан Алиоски, Елиф Елмас.

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски.

Најново во Фудбал