ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ СТАНУВА ИНТЕРЕСНА ЗА ПОМАЛИТЕ

УЕФА ни даде мотив плус: 1,5 милиони евра за пласман во разигрувањето

Наградниот фонд е зголемен за 50% што го прави овој турнир попримамлив

објавено: 10 октомври 2018 - 18:57

Европската куќа на фудбалот УЕФА реши да ја направи интересна Лигата на нациите за сите селекции со тоа што го зголеми наградниот фонд за дури 50%. Па така најдобрите четири селекции од Лигата Д кој ќе изборат пласман во нокаут фазата ќе добијат 1,5 милиони евра наместо планираните 1 милион.

Тоа е дополнителен мотив за македонската репрезентација за да го освои првото место во групата 4 од Лигата Д. Засега сме таму, но ќе треба до крај максимално прецизно да си ја одработиме задачата.

Заработувачката ќе биде поголема за екипите кои на крајот ќе изборат пласман на Европското првенство преку овој турнир.

Најново во Фудбал