НЕ Е СЕЕДНО...

Вентура во шок: Не очекувавме ваков резултат

Додека Македонија го слави големиот бод, Италија и натаму е во неверување. Џампјеро Вентура и неговите избраници не очекуваа ваков епилог, особено не на домашен терен.

објавено: 6 октомври 2017 - 23:37

Додека Македонија го слави големиот бод, Италија и натаму е во неверување. Џампјеро Вентура и неговите избраници не очекуваа ваков епилог, особено не на домашен терен. Ремито против нашата репрезентација за „аѕурите“ значи дека дефинитивно немаат шанси за првото место, па шансата за пласман на СП ќе ја бараат на бараж натпреварите.

„Разговаравме после овој натпревар во соблекувалната, превземавме одговнорст. Не очекувавме ваков резултат, но овој резултат не би требало да влијае на натпреварите во баражот каде што ќе биде поинаку.

 

Во првото полувреме нашиот противник имаше само еден обид, во второто полувреме одигравме под очекувањата каде што не дојдовме до сериозна шанса. Се надевам дека во иднина ќе биде подобро“, изјави на прес-конференција, Џампјеро Вентура.

Најново во Фудбал