СЕ ОЧЕКУВА НАДЕЖИТЕ ДА ИМААТ УШТЕ ЕДЕН ТЕСТ СО АНГЛИЈА

Во меч со седум гола Македонија поразена од Полска

Денеска македонската фудбалска репрезентација до 19. години го одигра пријателскиот натпревар на гостински терен против Полска во близина на Варшава. Нашата селекција загуби со резултат 4:3.

објавено: 11 октомври 2018 - 16:53

Иако први поведовме во 27. минута со автоголот на Кивиор, противникот успеа да направи пресврт за период од три минути (38. и 41.) преку Богуш и Собол. Предноста на полската селекција беше зголемена уште повеќе во второто полувреме (4:1) во 50-та преку Навроцки и 59. минута благодарение на Баргиел од средбата.

Нашите надежи не дозволија поразот да биде убедлив, па само успеаја да го ублажат преку Колевски во 71. минута, и уште еден да погодат преку Талески непосредно пред самиот финиш од дуелот (88.).

Се очекува македонската У19 селекција, како подготовка за квалификацискиот турнир за ЕП во ноември, да има уште еден тест во Бирмингем против Англија.

У19 Македонија: Бојан Тимевски, Зоран Ивановски, Ангел Страторски, Стефан Наумчевски, Џејми Перчевски, Анес Османоски, Томче Гроздановски, Дарко Чурлинов, Бојан Колевски, Јакуп Бериша, Али Адем.

Најново во Фудбал