При крајот на идниот месец му завршува договорот

Време е за нов договор за селекторот што му го донесе највредното на мак-фудбалот

Актуелниот договор на селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски истекува на 29. септември, а се уште не е постигнат договор со Фудбалската федерација на Македонија

објавено: 23 август 2017 - 13:04

Актуелниот договор на селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски истекува на 29. септември, а се уште не е постигнат договор со Фудбалската федерација на Македонија.

На петти септември почнуваме нов циклус со младинската селекција, против ерменија, а влогот е пат на ново Европско првенство во Италија, за две години.

„Точно е дека се уште не сме ја продолжиле соработката. Ќе видиме наскоро како ќе се одвиваат работите. Сега најважен ни е мечот со Ерменија“, изјави Милевски.

За прв настап на Европско првенство и таква брилијантна фудбалска авантура што ни ја приредија Милевски и неговите избраници, во секоја и малку фудбалска нација следува нов договор со многу подобри услови. Така е освен ако селекторот кој ќе остане запишан како прв во историјата на мак-фудбалот што предодел една наша селекција на ЕП нема поинакви планови. Се би требало да се знае по мечот со Ерменија на гостински терен на петти септември.

Најново во Фудбал