Мрежите мируваа во првата контролка

Загревање за Полска без голови - Македонија против БиХ 0:0

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години одигра без голови против БиХ во првиот од двата контролни натпревари пред квалификацискиот турнир во Полска

објавено: 20 февруари 2018 - 14:48

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години одигра без голови против БиХ во првиот од двата контролни натпревари пред квалификацискиот турнир во Полска.

Денеска на игралиштето на комплексот на ФФМ, избраниците на Горан Станиќ одиграа цврсто и многу солидно против врсниците од БиХ, но не го најдоа патот до мрежата.

Македонските фудбалски таленти се подготвуваат за квалификацискиот турнир во Полска што ќе се игра до 19. до 28. март. Ќе играме уште еден пријателски меч со БиХ, задутре, како главна контрола пред стартот на Елитната фаза од квалификациите во Полска. Таму ривали ќе ни бидат домаќинот Полска, Република Ирска и Грузија.

Најново во Фудбал