ГИ ЗНАЕТЕ ЛИ СЕНТ КИТС И НЕВИС И СЕНТ ВИНСЕНТ И ГРЕНАДА?

ФФМ - имате ли срам? Пред Македонија се земји кои и на карта не може да ги најдеме!

Кога имате поранешни европски и светски клупски шампиони, играчи кои биле важна алка на патот кон славата, кога имате имиња како Дарко Панчев, Илија Најдоски, Горан Пандев, кога имате легенди што оставиле длабока трага и во поранешна Југославија и во таа репрезентација, пропаста на ФИФА-листата до 139 место е голем срам.

објавено: 5 ноември 2015 - 13:15

Но, кога ќе погледнете кој сѐ е пред Македонија и зборот срам е преблаг. Пред Македонија се земји како Мавританија, Сент Китс и Невис, Свазиленд, Танзанија, Чад, Белизе, Бурунди... И ниту една од нив нема со што да се пофали во однос на нас, а единствено нешто е дека колку што ние потонавме, толку тие напредуваа.

Направивме кратко резиме за секоја земја со „смешно име“ која е пред Македонија. Сите тие се синоним за нешто јадно, очајно. Секогаш во уличниот речник биле користени во лоша конотација. Дочекавме сите тие да бидат фудбалски пред Македонија, а буквално со ништо не може да се пофалат дека се „врвни“. Сите тие, барем половина не знаат да ги најдат ниту на картата од светот. Ама, сите тие стигнаа сега да ни се потсмеваат.

Еве ги нашите „ривали“ кои треба да ги престигнеме во иднина.

СЕНТ КИТС И НЕВИС – 101 место
членка на ФИФА:
1992
најслаб пласман – 176 место (1994 година)
најслаб пласман во последните три години – 160 место (2014 година)
Факти: Селекцијата има неколку интернационалци во ниските полупрофесионални лиги во Англија (Хелсовен, Бостон јунајтед, Стамфорд), еден во Лестер, еден во Волсол, а „најголемо име“ е - Кит Гумбус (Штурм, Паниониос, Твенте, член на Палмеирас, Хал), кој од 16 години (од 1989 година е дел од репрезентацијата се до 2011)

МАВРИТАНИЈА – 104 место
членка на ФИФА:
1970
најслаб пласман – 206 место (2012 година)
најслаб пласман во последните три години – 206 место
факти: од 2009 до 2011 година играле само еден меч со Палестина, но од 206 место, сега се 100 места во напредок. Пребаравме по интернер, нема ниту славен играч, ниту некој од актуелниот тим кој игра во врвен тим, освен неколкумина во Франција.

БУРУНДИ – 107 место
членка на ФИФА:
1972
најслаб пласман – 160 место (1998 година)
најслаб пласман во последните три години – 143 место (2012 година)
факти: Најпознат моментно е извесен Мохамед Чите, кој играл во Бриж, Андерлехт, Стандард Лиеж, Расинг, а во историјата прва легенда е Јума Моси (Мехелен, Рупел Бум, Ал Наср, Ал Сад, Ал Ахли, Катар СЦ, Дубаи)

БЕЛИЗЕ – 117 место
членка на ФИФА:
1986
најслаб пласман – 190 место (2012 година)
најслаб пласман во последните три години – 190 место (2014 година)
факти: Селекција со домашни фудбалери и ниту една барем малку позната легенда

СЕНТ ВИНСЕНТ И ГРЕНАДИН – 129 место
членка на ФИФА:
1992
најслаб пласман – 170 место (2004 година)
најслаб пласман во последните три години – 155 место (2014 година)
факти: Во селекцијата има еден интернационалец во фински Кеми и еден во Мајденхед, екипа во ниските лиги на Англија, а прво име е Езра Хендриксон, како најславен играч со 123 меча (1995 до 2008), кој играл во МЛС-лигата во САД (ЛА Галакси, Метростарс, Далас, ДЦ јунајтед, Чивас, Колумбус)

СВАЗИЛЕНД – 130 место
членка на ФИФА:
1978
најслаб пласман – 170 место (2004 година)
најслаб пласман во последните три години – 155 место (2014 година)
Факти: Бонгани Кумало, член на Донкастер на заем од Тотнем е најзвучното име кое го најдовме

ЈУЖЕН СУДАН – 134 место
членка на ФИФА:
2012
најслаб пласман – 205 место (2013 година)
најслаб пласман во последните три години – 205 место (2013 година)
факти: Тазе формираната држава за три години ја скокна Македонија, а најпознат играч е Ладуле Лосарах во Лајпциг

ТАНЗАНИЈА – 135 место
членка на ФИФА:
1964
најслаб пласман – 175 место (2005 година)
најслаб пласман во последните три години – 145 место (2013 година)
факти: Без посебно значајни фудбалери во составот и со легенди за кои нема информации - Атумани Мамбосаса, Сандеј Манара, кој бил прв што играл во Европа и Абдалах Кибадени, како три најголеми ѕвезди

ЧАД – 136 место
членка на ФИФА:
1964
најслаб пласман – 190 место (1997 година)
најслаб пласман во последните три години – 170 место (2014 година)
Факти: Актуелната селекција веројатно е и најполна со интернационаци во однос на останатите, со играчи во Белгија, Франција, Грција. Од легендите, Набатинге Токо, освојувач на Куп со ПСЖ во 80-те и Жафе Ндорам, „волшебник“, играл за Нант и Монако во 90-те се две имиња кои посебно се истакнуваат

ПАЛЕСТИНА – 138 место
членка на ФИФА:
1998
најслаб пласман – 191 место (1999 година)
најслаб пласман во последните три години – 167 место (2014 година)
факти: Селекцијата има фудбалери од Чиле до Словенија, по еден во Полска и во португалски Атлетико.

Најново во Фудбал