МЛАДИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПРЕД УТРЕШНИОТ МЕЧ ВО ТУЛА

Здравковски: Против Русите да бидеме трпеливи, да ја чекаме нашата шанса! (ФОТО)

В петок нашите фудбалски надежи ќе го одиграат претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2019, нивни следен ривал е Русија на стадионот во Тула.

објавено: 11 октомври 2018 - 15:40

Македонската млада У21 репрезентација одамна ги загуби шансите за учество на континенталниот собир, па така последните два меча од циклусот (и на крајот дома против Гибралтар) ги дочекува без оптоварување со надеж дека барем на крајот ќе се извлечат поволни резултати.

„Атмосферата е одлична, се познаваме добро меѓу себе и фокусирани сме само на натпреварот. За да обезбедиме поволен резултат пред се треба да бидеме трпеливи, да ја чекаме нашата шанса. Ги анализиравме добро Русите и доколку бидеме максимум и ги исполниме задачата од селекторот имаме големи шанси за поволен резултат. Секогаш кога се носи овој дрес постои мотив и инспирација, во овој случај и голем противник против кој што сакаме да се надигруваме", изјави младиот македонски репрезентативец Давор Здравковски.

Пред одигрувањето на мечот фудбалерите на селекторот Илиевски ја искористија можноста за прошетка на Тула и самите природни и културни убавини на градот. Погледнете во продолжение:

Најново во Фудбал