Нема да биде лесно

Ждрепката за Лига на Нации не нè милуваше - Македонија против Ерменија, со нас се и Лихтенштајн и Гибралтар

Македонија ќе игра во четвртата група во премиерното издание на Лигата на Нации, а ривали ќе ни бидат Ерменија, Лихтеншатјн и Гибралтар

објавено: 24 јануари 2018 - 12:25

Македонија ќе игра во четвртата група во премиерното издание на Лигата на Нации, а ривали ќе ни бидат Ерменија, Лихтеншатјн и Гибралтар.

Ждрепката во Лозана ни го донесе најнепосакуваниот и најсилен противник во вториот пот, селекцијата на Ерменија со неколку познати фудбалски ѕвезди од калибарот на Михтаријан, Озбилиз и за нас добропознатите Тигран Барсегјан и Хофханес Хамбарѕумјан, кои играат за македонскиот првак Вардар.

Противник за почит и со кого ќе бидеме битка за првата позиција во Д кластерот за настап на ЕП во 2020 година.

Лихтенштајн и Гибралтар се апсолутни аутсајдери во трката за првото место, единствено кое гарантира пласман во плејофот во март 2020 година. Тука ќе играат победниците од четирите групи во Д лигата, а само победникот има сигурен пласман на ЕП 2020 година.

Состав на групите во нашиот сегмент:

Група 1: Грузија, Летонија, Казахстан, Андора

Група 2: Белорусија, Луксембург, Молдавија, Сан Марино

Група 3: Азербејџан, Фарски острови, Малта, Косово

Група 4: Македонија, Ерменија, Лихтеншатјн, Гибралтар

 

Најново во Фудбал