Очекувано топло е во Анталија

Жешко и тешко ќе биде против Азербејџан (Фото)

Топло е во Анталија пред дуелот на македонската репрезентација со Азербејџан, па дел од нашите репрезентативци побараа ладовина, непосредно пред стартот

објавено: 27 март 2018 - 16:50

Од Анталија, Зоран Поповски

Топло е во Анталија пред дуелот на македонската репрезентација со Азербејџан, па дел од нашите репрезентативци побараа ладовина, непосредно пред стартот, закажан за 18 часот.

Сепак многу време за подготовка нема и со неколку измени во составот, нашата репрезентација ќе се обиде да забележи победа и да ја продолжи серијата без пораз, која трае веќе шест меча.

Селекторот Игор Ангеловски одлучи овие 11 да го почнат дуелот со Азербејџан на „Мердан“ арена:

Димитриевски, Ристовски, Ристевски, Велковски, Муслиу, Николов, Барди, Радески, Тричковски, Трајковски и Пандев.  

Најново во Фудбал