Уште е во добра форма

Жонглер е Боби, децата имаат од кого да учат (Фотогалерија)

Селекторот на младата македонска репрезентација, Благоја Милевски, паралелно работи на два проекти. Од една страна подготвува нова генерација за пласман на Европското првенство во Италија за две години и се подготвува за историско учество на континенталните собири во Полска, во јуни годинава, а во меѓувреме покажа и дека не заборавил да игра фудбал

објавено: 19 март 2017 - 13:40

Селекторот на младата македонска репрезентација, Благоја Милевски, паралелно работи на два проекти. Од една страна подготвува нова генерација за пласман на Европското првенство во Италија за две години и се подготвува за историско учество на континенталните собири во Полска, во јуни годинава, а во меѓувреме покажа и дека не заборавил да игра фудбал.

На почетокот од подготовките со новата генерација, селекторот покажа одлична фудбалска техника, малку и жонглираше, а идните надежи имаат од кого да учат.

И потоа да се обидат да го репризираат успехот на нивните претходници, на златната генерација на мак-фудбалот, која ќе игра на првото големо натпреварување во нашата историја.

Полска е на 90-на денови од нас, а „Операцијата Италија“ почнува во септември.

Најново во Фудбал