ВОЗБУДЛИВО И ИНТЕРЕСНО НА ПРВИТЕ ДВА МЕЧА ВО ШАМПИОНАТОТ

РЕВИЈА НА ЕВРО-ГОЛОВИ: Шкендија и Вардар го поделија „пленот“! (ФОТО+ВИДЕО)

Се одиграа денеска стартните два натпревари во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ), почеток каков што посакуваат сите љубители на фудбалот со голем број на голови, вкупно девет.

објавено: 11 август 2018 - 19:01

На дербито одиграно на Градскиот стадион во Тетово, бранителот на трофејот Шкендија пред своите гледачи ремизираше со најголемиот конкурент за титулата, Вардар (2-2).

Уште во првото коло сме сведоци на прекрасни погодоци кои можат да бидат во кругот најубави во сезоната, тоа го најави уште во петтата минута Ерменецот Тигран Барсегјан кој со левата нога упати „проектил" во мрежата на Захов.

На стартот од второто полувреме тетовските „црвено-црни" возвратија со убав погодок, Бесарт Ибраими продолжува и оваа сезона од слободни удари да стрела, тоа го направи во 54. минута за израмнување.

Фото: Петр Стојановски

Целосниот пресврт се случи во 73. мин. кога стрелаше Бесмир Бојку за радост на трибините. Конечниот епилог го постави Горан Попов кој испрати „бомба" во 85. мин.

ШКЕНДИЈА - ВАРДАР 2:2 (0:1)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 4.000.

Судија: Александар Ставрев (Скопје).

Стрелци: 0:1 Барсегјан 5', 1:1 Ибраими 54', 2:1 Бојку 75', 2:2 Попов 84'

Ж. Картони: Нафиу, Алими, Мици, Мурати, Емини, Жуниор, Муслиу (Ш) - Новак, Барсегјан, Гачевски, Попов (В).

Ц. Картон: Алими 64' (втор жолт)

ШКЕНДИЈА: Захов, Мици, Мурати (82' Адили), Бејтулаи, Муслиу, Алими, Зејнулаи (46' Тотре), Жуниор, Нафиу (67' Бојку), Емини, Ибраими.

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Новак, Попов, Брдаровски, Битанг, Мицевски (87' Најдовски), Јуфо (78' Бериша), Цветановски (70' Попзлатанов), Барсегјан, Лира.

-„ГИПСАРИТЕ" НЕ ПАЃААТ НА РОМАНТИКА, ПАДНАА СЕДУМ ГОЛОВИ НА „ФИЛИП ВТОРИ" АРЕНАТА-

Во вториот меч одигран на Националната Арена „Филип Втори" во Скопје, екипата на Ренова како гостин триумфираше со резултат 3:4 против Работнички.

Поведоа „гипсарите" уште во четвртата минута преку Аљбан Сулејмани, зголеми Фатјон Јусуфи во 11-та, а во 23-та „романтичарите" се погрижија преку Петар Петковски да намалат за задржување на шансите да се избегне поразот.

Но, тоа не го дозволи Влатко Стојановски кој двапати се запиша во листата на стрелчците (48., 68. мин.), а Остоја Стјепановиќ го постигна вториот погодок на Работнички од пенал во 55. мин. од средбата. Александар Ристевски си постигна автогол во 86. мин за крај на оваа голеада во главниот град.

Прво коло, 1МФЛ

Сабота, резултати:
Работнички-Ренова 3:4 (Петковски 23, Стјепановиќ 55 пенал, Ристевски автогол 86/Сулејмани 4, Јусуфи 11, Стојановски 48, 68)

Шкендија-Вардар 2:2 (Ибраими 54, Бојку 73/Барсегајн 5, Попов 85)

Недела
Силекс - Шкупи
Победа - Беласица
Академија Пандев - Македонија ЃП

Сите пет натпревари ќе започнат од 17:00 часот.

Најново во Фудбал