Аргентинецот е воодушевен од рускиот репрезентативец

Ригони по шоуто на Кокорин: Вардар нека му ја мисли (Видео)

Емилијано Ригони е воодушевен од игрите на Александер Кокорин и вели дека Вардар треба да му ја мисли во четврток

објавено: 20 ноември 2017 - 13:20

Емилијано Ригони е воодушевен од игрите на Александер Кокорин и вели дека Вардар треба да му ја мисли во четврток.

„Александер е вистински фудбалски уметник. Голот што го постигна против Тосно е ремек-дело. Нека се чува Вардар, бидејќи сум сигурен дека пак ќе постигне барем еден гол во четврток“, вели Аргентинецот.

Тосно настрада вчера и на прославата на  десетгодишнината од првата руска титула на Зенит беше декласиран со 5:0 од следниот ривал на Вардар. Кокорин го украде шоуто со четвртиот гол, кога од центарот во слалом мина неколку противнички играчи и ја затресе мрежата на гостите. На првиот дуел против Вардар во Скопје, рускиот репрезентативец блескаше и со два гола и асистенција беше играч на мечот.

Македонскиот првак сега ќе му гостува на Зенит во Санкт Петербург и во четврток од 19 часот ќе го одигра вториот дуел против рускиот претставник во Л групата во Европа Лигата. 

Погледнете го прекрасниот погодок на Кокорин против Тосно.

Најново во Фудбал