НЕ ПРЕСТАНА САМ ДА СИ СЕ ФАЛИ

Роналдо: Продолжувам да докажувам дека сум најдобар

Португалецот е убеден дека нема подобар фудбалер од него во светот

објавено: 20 март 2018 - 16:05

Кристијано Роналдо е убеден дека нема подобар фудбалер од него во светот. Португалецот кој е актуелен освојувач на „Златната топка“, синоќа ја доби наградата за најдобар фудбалер во Португалија за 2017 година. Ѕвездата на Реал Мадрид во говорот по добивањето на наградата не заборави да потенцира дека е најдобар не само во неговата земја, туку во цел свет. 

„Секогаш кажувам дека сум најдобар, верувам дека е така, а тоа го докажувам и на теренот. Минатата година беше исклучително добра за мене, како на индивидуално така и на клупско ниво. Тоа беше историска година за Реал и освои пет титули. Освен петте трофеи, јас ја освоив и петата „Златна топка“, бев прогласен за најдобар и во ФИФА, а поставив рекорд и со тоа што за само три месеци добив три деца. Оваа награда ја посветувам на моите четири деца“, рече Роналдо на церемонијата.

Најново во Меѓународен Фудбал