Гостите се оптимисти

Сафари и Розенберг ќе играат, Персон е убеден дека Малме е подобар

Беранг Сафари и Маркус Розенберг се значаен дел од составот на Малме и тие веројатно ќе играат на утрешниот меч со Вардар во Струмица. Тренерот Магнус Персон вели дека ќе има измени во составот на шведскиот првак, а верува во пласман понатаму

објавено: 17 јули 2017 - 20:08

Беранг Сафари и Маркус Розенберг се значаен дел од составот на Малме и тие веројатно ќе играат на утрешниот меч со Вардар во Струмица. Тренерот Магнус Персон вели дека ќе има измени во составот на шведскиот првак, а верува во пласман понатаму.

„Ќе направам неколку измени на играчи и на позициите во тимот, со цел да постигнеме максимален баланс во екипата. Нешто што го немавме на последните два меча, а сега ни е неопходно, ако сакаме да одиме понатаму. Убеден сум дека ќе ја затресеме мрежата на Вардар, а потоа ќе бараме рецепт како да се однесуваме. Годинава само еднаш не постигнавме гол, против Калмар на гости и верувам дека најмалку еднаш ќе погодиме и во Струмица“, изјави Персон на прес-конференцијата.

Малме има само еден пораз на последните 16 натпревари, но и две нерешени средби по ред, едната од нив со Вардар на домашен терен. Скопјани во Струмица ќе се обидат да го материјализираат ремито од мечот на „Сведбанк“ арена, кога беше 1:1.

Најново во Фудбал