во првиот меч од елитните квалификации за играчи до 19 год.

Се „палевме“ дека сме многу јаки, а Летонија во Скопје ни оддржа лекција

Македонските надежи пред мечот беа фаворити, а по дуелот, на семафорот стоеше 2:1 за гостите 

објавено: 21 март 2018 - 15:52

Генерацијата за играчи до 19 години, за која веруваме дека може да носи фудбалски радости во наредните 10-тина години за Македонија, денеска разочара и загуби од Летонија со 1:2, во првиот меч од елитните квалификации за пласман на Европското првенство. 

На дуелот во Скопје, македонските млади надежи беа фаворити, но на теренот, противникот покажа како треба да се одигра на резултат, па на крајот славеше со 2:1. Богданс Самоиловс ги даде двата гола за Летонија. првиот го постигна во 42 минута, кога биеше прецисно од 10-тина метри, додека за 2:0 погоди со прекрасен шут од далечина во 56 минута. 

Немоќно делуваа Елмас, Чурлинов, Атанасов, Митровски и останатите избраници на селекторот Вујадин Станојковиќ. пред само четири месеци, овие исти момци ги победија Швајцарија, Белгија и Лихтенштајн, но сега, кога требаше да продолжат во ист ритам, едноставно разочараа. 

Македонија единствено успеа да постигне почесен гол во 88 минута преку Димитар Митровски од пенал. На крајот, статистиката беше на наша страна. Упативме 20 удари кон голот на гостите, од кои седум беа во рамките на голот, но само еден заврши во мрежата. Летонија е таа која ги освои трите бода.  

Освен со Летонија, противници на Македонија во оваа фаза ни се и Англија и Унгарија. Англичаните ги освоија првите три бода во групата, откако со пресврт во второто полувреме стигнаа до победа над Унгарија со 4:1. 

Следниот меч македонските надежи го играат на 24 март повторно во Скопје, кога ќе имаат шанса да се поправат и да донесат радост на средбата против Унгарија. 

Најново во Фудбал