НАЈДОБРИОТ ТРЕНЕР ВО МАКЕДОНИЈА СТИГНА ДО „ХЕТ-ТРИК“ ТИТУЛИ

Седлоски: Ова е признание за мојата работа во изминатите три години во Вардар

„Благодарност до ФФМ и комисиите кои одлучија Јас да бидам носител на ова признание. Фудбалот е тимска игра и затоа успехот на ФК Вардар е заеднички успех на фудбалерите, стручниот штаб и спонзорот“, рече Седлоски

објавено: 3 декември 2017 - 21:28

Гоце Седлоски е тренерот кој во изминативе неколку години направи вардар да биде доминантен во првенството. Седлоски ги предводеше „црвено-црните“ до три титули во домашното првнство, но создаде и тим кој непосредно по неговото заминување од Вардар, успеа да се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите. 

„Титулата тренер на годината за мене претставува големо признание и еден вид на награда за мојата работа во изминатите три години во ФК Вардар. Благодарност до ФФМ и комисиите кои одлучија Јас да бидам носител на ова признание. Фудбалот е тимска игра и затоа успехот на ФК Вардар е заеднички успех на фудбалерите, стручниот штаб и спонзорот. Нашата тренерска професија е специфична. Кога се победува успехот е на сите а кога резултатите не се добри тогаш виновен е тренерот. Задоволен сум од годините и титулите освоени со Вардар. Бев најсреќен кога тимот го мина Фенербахче и избори историски пласман во Лигата на Европа. Но бев и разочаран од игрите на клубот во групната фаза. На фудбалски план оваа 2017 година беше добра за Македонија а на сите кои сме во фудбалот, посакувам наредната 2018 година да биде уште подобра“, рече Седлоски по добивањето на наградата за најдобар тренер во сезоната 2016/17.

Најново во Фудбал