ТАЛЕНТИТЕ ДО 17 ГОДИНИ ПРЕД НОВА ТЕШКА МИСИЈА

Селекцијата на У-17 против Р. Ирска, Полска и Грузија

Младите фудбалери се на чекор 

објавено: 6 декември 2017 - 11:58

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 17 години ги доби своите противници во елитната група, за пласман на ЕП. Селекцијата предводена од селекторот Горан Станиќ беше во последнито барабан и за противници ги доби, Република Ирска, Полска и Грузија. Во квалификациите кои ги играше во Скопје, „црвено-жолтите“ одигра без голови во дуелите со Босна и Херцеговина и Словачка, а во последното коло славеа над Молдавија со 2:0. 

Македонија за прв пат се наоѓа во оваа елитна група и сега има речиси невозможна мисија, но ќе биде одлична можност на младите фудбалери да стекнат многу поголемо искуство. Првопласираните од сите овие осум групи се сигурни учесници понатаму, а на завршницата ќе бидат и седумте од второпласираните во секоја група.

Квалификациите кора да бидат завршени до 1 април, кога ќе бидат познати сите 15 селекции кои ќе се приклучат на домаќинот Англија, на завршниот турнир кој ќе биде од 4 до 20 мај. 

 

Најново во Фудбал