ПЕХАРОТ ЌЕ ГИ КРАСИ ВИТРИНИТЕ НА ШКЕНДИЈА

Шампионите го кренаа трофејот (Фотогалерија)

По завршување на дуелот против Пелистер, екипата на Шкендија сосема заслужено го доби пехарот наменет за фудбалскиот шампион на Македонија. Тетовци на крајот завршија со 91 бодови, дури 35 повеќе од второпласираниот Вардар. 

За Шкендија ова е втор пат во клупската историја да бидат прваци на Македонија, повторувајќи го успехот од 2011 година. Тетовци ќе бидат нашите претставници во квалификациите за Лигата на шампионите за следната сезона.

објавено: 20 мај 2018 - 18:47

Најново во Фудбал