ШКЕНДИЈА И ОФИЦИЈАЛНО СО НОВО ИМЕ

Шампионот го промовираше Чешмеџиев

Дефанзивецот на младата репрезентација на Македонија и официјално е второто ново име во таборот на Шкендија

објавено: 2 јуни 2018 - 16:44

Шкендија како што и се најавуваше, се пофали со трансферот на Конастантин Чешмеџиев. По Ремзифаик Селмани, младинскиот репрезентативец е второто ново име во редовите на прваков во летниот преоден рок.

Досегашниот фудбалер на Академија Пандев, претходно и на Македонија ЃП и Работнички, од денеска е член на Шкендија. Со неговото доаѓање и тоа како се засилува конкуренцијата во одбраната на тетовскиот клуб. 

Најново во Фудбал