ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО, ТЕТОВЦИ ЛЕСНО ГО СОВЛАДАА ПЕЛИСТЕР

Шампионски за крај: Шкендија ја надмина и границата од 100 голови (Фотогалерија)

„Црвено-црните“ со 4:0 победија во дуелот со тимот кој следната сезона ќе игра во Втора лига

објавено: 20 мај 2018 - 18:05

Шампионски танц на Шкендија против Пелистер и победа од 4:0, во последното коло од македонското првенство. Со овој триумф тетовци на најдобар можен начин потврдија дека се убедливо најдобри сезонава. На крајот завршуваат со дури 35 бода повеќе од второпласираниот Вардар. 

На дуелот против Пелистер, отпорот на гостите беше скршен во последната минута од првото полувреме, кога погоди Алими. Во второто полувреме Шкендија заигра поефикасно и најпрво преку Жуниор зголеми на 2:0, а потоа во 78 минута Ферхан Хасани погоди за 3:0. Овој погодок беше и јубилеен 100 погодок за Шкендија во првенството. До крајот на средбата, Хасани од пенал реализираше за 4:0. 

Пелистер од следната сезона ќе игра во Втора лига, бидејќи завршува како последнопласиран во лигата. Интересно е што Шкендија и Пелистер ќе се сретнат уште еднаш, а тоа е во финалето на Купот на Македонија. Дуелот се игра во Струмица. 

 

Најново во Фудбал