УШТЕ ЕДЕН ПЕХАР ЗА ТЕТОВСКИТЕ „ЦРВЕНО-ЦРНИ“

Шкендија е младински куп „лауреат“

Во регуларниот дел во финалето против Работнички, мечот заврши без голови, ама затоа Шкендија беше поуспешна и на пенали успеа да дојде до овој пехар

објавено: 15 мај 2018 - 19:31

Тимот на Шкендија, откако го освои кадетскиот куп денеска, на тој трофеј го додаде и оној во младинската конкуренција. Тетовци во финалето одиграно во Охрид го совладаа тимот на Работнички со конечни 5:4, по подобро изведување на пеналите. За Работнички во пенал серијата промаши Мартин Петровски, додека пак за Шкендија непогрешливи беа Зејнулаи, Рамадани, Љума, Фазлагиќ, Алити. Со ова младинскиот состав на Шкендија е освојувач на двојната круна во националниот шампионат, затоа што е првак и во домашното првенство

Куп Македонија младинци, финале:
Работнички – Шкендија 0:0 (4:5 на пенали)
Стадион Билјанини Извори во Охрид
Судии: Гоцевски, Мишевски, Степановски
Работнички: Хоџин, Пановски, Додевски, Симоновски, Костадинов, Ајдини, Фазлију, Петровски, Сејфиќ, Петревски, Колевски
Шкендија: Иљази, Алити, Мислими, Фазлагиќ, Бекири, Османи, Љума, Реџепи, Расими, Зејнулаи, Рамадани

Најново во Фудбал