ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА

Шкендија против Шкупи ќе ја слави титулата

Тетовчани ќе бидат новите фудбалски шампиони, а потврдата треба да стгине по завршување на денешното коло

објавено: 22 април 2018 - 13:30

Со 23 бода предност пред Вардар и само осум кола до крајот, Шкендија денеска и официјално треба да биде промовиран во новиот фудбалски шампион на Македонија. Тетовчани од 16 часот на свој терен го пречекуваат Шкупи, а по завршување на средбата треба да се разрешат и теоретските шанси дека може да се случи чудо. 

Освен шампионскиот меч на Шкендија во Тетово, во исто време ќе се играат и средбите меѓу Силекс и Ренова, Победа - Вардар и Скопје - Академија Пандев. Еден час порано, односно од 15 часот ќе играат Работнички и Пелистер. 

Најново во Фудбал