БИЛЕТИТЕ ЗА ПРВИОТ МЕЧ СО МОЛДАВЦИТЕ

Шкендија-Шериф по цена од 200 до 600 денари

Македонскиот шампион ја информираше јавноста за стартните 90. минути од 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

објавено: 19 јули 2018 - 12:47

Па така, за првиот дуел со Шериф кој ќе се игра на 24 јули (вторник) на Арената „Филип Втори" - Скопје (20.15 часот), билетите ќе чинат од 200 до 600 денари.

За прв пат во историјата тетовските „црвено-црни" ќе играат во второто квалификациско коло во ЛШ.
Потсетување, со 5:4 избраниците на Османи го елиминираа велшкиот ТНС, а следен противник им се прваците од Молдавија.

Цените на билетите се движат од 200, 400 и 600. денари. Продажбата веќе е започната денеска (19. јули, четврток), категоризирани влезниците за сите позиции на трибините.

Продажни места:
Шкендија ФАНШОП, Тетово
Монако Тобако, Тетово
Вона 5, Гостивар
Југотон, Скопје

http://mktickets.mk

Најново во Фудбал