РАНКИНГ ЛИСТА НА КЛУБОВИ

Шкендија скокна пред Вардар на УЕФА ранкинг листата

Тетовските „црвено-црни" и ова лето се единствените кои најдалеку одат на меѓународната сцена...

објавено: 27 јули 2018 - 11:43

Според најновата објавена УЕФА ранкинг листа, Шкендија е сега најдобриот македонски фудбалски клуб и на тој начин го престигна Вардар.

Вардарци изненадувачки беа елиминирани од ерменскиот тим на Пјуник во квалификациите за Лига Европа, додека избраниците на тренерот Ќатип Османи беа подобри во двомечот со велшкиот ТНС, а по првите 90. минути во Скопје пред реваншот во Тираспол во вторник, имаат предност од 1:0 против Шериф во квалификациите за Лигата на шампионите.

Моментно Шкендија се наоѓа на 163. место со коефициент 5.500, а Вардар на 180. позиција (коефициент 5.000).

Работнички е на делба на 210. позиција (4.250), а останатите наши клубови на делба на 360. место (Шкупи, Пелистер, Силекс, Ренова, Металург, Турново).

На врвот е Реал Мадрид (131.000), пред Баерн Минхен (112.000), Барселона (112.000), Атлетико Мадрид (111.000), Јувентус (107.000)...

Најново во Фудбал