ШАМПИОНОТ ГИ ОДРЕДИ ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ ЗА МЕЧОТ СО ВЕЛШАНИТЕ

Шкендија – ТНС од 200 до 600 денари

Билетите за првиот меч од 1.квалификациско коло ќе бидат пуштени во продажба од 5 јули

објавено: 3 јули 2018 - 20:48

Раководството на Шкендија се реши за популарни цени на билетите за првиот меч од 1.квалификациското коло во ЛШ. Па така за првиот дуел со ТНС, меч кој се игра на 10 јули на Арената „Филип Втори", билетите ќе чинат од 200 до 600 денари.

Најефтини ќе бидат оние за Исток, додека по 400 и 600 ќе бидат за на Север и Југ. Западната нема да биде пуштена во функција.

Инаку билетите ќе бидат пуштени во продажба од 5 јули, а ќе се продаваат во Фан шопот на Шкендија во Тетово како и во Монако тобако исто во градот под Шара.

Во Скопје ќе се продаваат во Југотон и Сити Мол, како и онлајн во МК Тикетс.

Најново во Фудбал