ЖДРЕПКАТА ВО НИОН СО „ПЛАН Б“ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН

Шкендија во групи на Лига Европа преку Корк Сити или Розенборг

Ако Шкендија биде елиминирана од Салцбург во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, меѓународниот настап ќе го продолжи во плеј-офот на Лига Европа.

објавено: 6 август 2018 - 13:47

Македонскиот шампион на денешната ждрепка во Нион беше носител, и за можни противници ги имаше победниците од дуелите: АПОЕЛ-Хапоел Бе'ер Шева, Легија Варшава-Дуделанж, Розенборг-Корк Сити, ХЈК Хелсинки-Олимпија Љубљана и Клуж-Алашкерт.

Ждрепката одлучи тетовските „црвено-црни" во плеј-офот на Лига Европа да ги одмерат силите против победникот од дуелот Корк Сити (Република Ирска)-Розенборг (Норвешка), се разбира ако испаднат после двомечот со австрискиот Салцбург.

Розенборг веќе е добро познат на нашата јавност, минатата сезона играше во групна фаза заедно со Вардар токму во второто по ред најквалитетно европско натпреварување.

Првиот дуел во плеј-офот на ЛЕ Шкендија би го играл на гости на 23. август, а реваншот во Скопје на „Филип Втори" Арената на 30. август 2018 год.

„ШАМПИОНСКИ ПАТ“ - Лига Европа (плеј-оф, двојки):

Најново во Фудбал