ДОКОЛКУ ТЕТОВЦИ БИДАТ ЕЛИМИНИРАНИ ОД ШЕРИФ ВО ЛШ

Шкендија во ЛЕ ќе има многу полесна задача

Во Нион беа извлечени и паровите за третото коло од второто по ранг натпреварување на УЕФА

објавено: 23 јули 2018 - 12:56

Доколку Шкендија не успее да го помине тимот на Шериф во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, тетовчани ќе продолжат со настапи но во второто по ранг натпреварување на УЕФА, Лигата на Европа.

Македонскиот првак на тој начин ќе се приклучи во третото претколо од ЛЕ, а ќе игра со подобриот од двомечот на дуелот меѓу Санта Колома или Валур Рејкјавик. Ова беше одлучено денеска на ждрепката на УЕФА одржана во Нион. 

Шкендија минатата сезона стигна до плеј-офот за влез во групната фаза од ЛЕ, но беше елиминирана од Милан. Сега, доколку тетовци бидат елиминирани од Лигата на шампионите, ќе се фокусираат на Лигата на Европа и третото претколо. 

 

Најново во Фудбал