ТИМОТ ОД ЧАИР СО СВОЕ БАРАЊЕ

Шкупи не сака да игра во калта во Кратово

„За истата причина, од есенската полусезона и во прврите кола од пролетниот дел, нашата екипа не ги одигрува првенствените натпревари во стадионот на Чаир, бидејќи според натпреварувачката комисиа тој стадион не доби зелено стветло. Бараме од ФФМ одлуките што таа ги донесува да бидат исти за сите“, стои во образложението на своето барање на тимот од Чаир

објавено: 7 март 2018 - 18:41

Екипата на Шкупи најави дека не сака да гостува во Кратово, на дуелот против Силекс, кој треба да се одигра во рамките од 23 коло на Првата лига. Клубот од Чаир наведува дека теренот на стадионот во Кратово е во очајна состојба и дека не се задоволени основните услови за одигрување на средбата. Во прилог на своето тврдење, Шкупи посочува за тоа како беше теренот во Кратово на денешниот меч меѓу Силекс и Скопје. 

„Фудбалскиот клуб Шкупи бара од органите ФФМ, натпреварот од 23 тото коло, кога треба да бидеме гостин во Кратово, натпреварот да не се игра на Градскиот Стадион во Кратово, бидејќи не ги исполнува ни минималните услови за одигрување првентсвени натпревари. За истата причина, од есенската полусезона и во првите кола од пролетниот дел, нашата екипа не ги одигрува првенствените натпревари во стадионот на Чаир, бидејќи според натпреварувачката комисија тој стадион не доби зелено стветло. Бараме од ФФМ одлуките што таа ги донесува да бидат исти за сите, така што цврсто веруваме во одлуката што треба да ја преземе, и да испрати комисијата за да се види теренот, и натпреварот од 23 коло да се одигра на стадион кој ќе ги исполни условите за двете екипи, да играат прекрасен фудбал и во нормални услови“, стои во барањето на клубот од Чаир.

Најново во Фудбал