ПО ЗАМИНУВАЊЕТО НА Ардијан Нухиу

Шкупи веднаш најде нов тренер

Зекирија Рамадан е поставен за нов стратег на тимот од Чаир

објавено: 13 март 2018 - 21:30

Зекирија Рамадан е стратегот кој е наименуван за нов тренер на екипата на Шкупи. Рамадан доаѓа на местото на Ардијан Нухиу, кој споразумно го раскина договорот, откако не ги постигна посакуваните резултати. 

Шкупи донесе неколку засилувања во зимскиот преоден рок и очекувањата на челниците на екипата беа високи. Сепак, по првите пет средби во пролетниот дел, Шкупи освои само шест бода, што беше недоволно за Нухиу да остане на клупата. 

За Рамадан ова ќе биде враќање на клупата на тимот каде работеше во периодот од 2014 до 2016 година, а потоа работеше и во екипите на Фљамуртари во Албанија и во Трепча од Косовска Митровица. 

 

Најново во Фудбал